понедељак, 29. септембар 2014.

Фудбал (од анг. football) — игра со топка што ја играат два тима со по 11 играчи. Еден спортски натпревар регуларно трае 90 минунти, односно две полувремиња по 45 минути. Целта на играта е да се уфрли топката во голот на противникот. Победува тимот кој ќе постигне повеќе погодоци. Играчите смеат да играат со сите делови на телото освен со раце. Ако топката ја допрат со раце тогаш судијата треба да свирни ЕНЦ. Само голманот може да ја допре топката со раце, но само во пеналтикот (шестнаесетник). Натпреварот е распореден во две полувремиња од кои секое полувреме трае по 45 минути. Натпреварувачите носат маици (дресови) со бројки на грбот. Ѓоновите на копачките можат да бидат опремени со крампони или да се ребрасти.

Кошарката е екипен спорт во кој пет играчи од два различни екипи се обидуваат да постигнат што повеќе бодови преку давање кош, односно преку уфрлување на топката низ хоризонтално поставен обрач на височина од 3 метри. Од едната страна на теренот до другата, топката се пренесува преку тапкање и подавање на останатите членови на екипата.



Во 1891, Канаѓанецот Џејмс Најсмит ја измислил играта кошарка, со 7 правила од кои 6 сè уште се користат. Најсмит бил важен пропонент за развитокот на женскатa кошарка и за раширувањето на играта низ Северна Америка. Двете најсилни кошаркарски лиги во светот се европската Евролига и северноамериканската Национална кошаркарска асоцијација. Кошарката е распространета на сите континенти и е најбрзорастечкиот спорт во светот. Во Македонија, најсилната кошаркарска лига е Македонската Прва Лига.Ракометот е екипен спорт со топка, во кој се натпреваруваат две екипи по седум играчи (6 играчи + 1 голман) на двете страни. Играта трае 60 минути (2 полувремиња по 30 минути), а цел е да се даде повеќе голови од противниците. Топката се води слично како во кошарката, со топкање и подавање но се игра со помала топка и со други правила на водење на топката.

Одбојката е колективен спорт кој се игра на таков начин што две екипи од по 6 играчи, одвоени со висока мрежа, ја префрлуваат топката преку мрежата до противничката екипа. По сервирањето од страна на едната екипа, играчите од другата екипа имаат право до трипати да ја удрат топката пред да ја префрлат топката преку мрежата. Поен се добива кога топката ќе падне во полето на противничката екипа, ако противничката екипа не успее правилно да ја префрли топката назад во полето на нивниот противник или ако противничката екипа заработи фаул.
Се игра до добиени три сета при што во секој сет треба да се освојат 25 поени, освен во евентуалниот петти сет кога се игра до добиени 15 поени. При тоа, победничката екипа мора да има два поени разлика во однос на противничката екипа,при освојувањето на потребниот број поени за победа во тој сет. Во спротивен случај, сетот продолжува сè додека некоја од екипите не направи разлика од два поени.

Тенисот' е спорт кој се игра меѓу два играчи (сингл), или помеѓу две екипи од два играчи (дубл). Целта во тенисот е да се префрли гуменото топче преку мрежата со помош на рекетот, од својата половина на половината на противникот. На некои места тенисот се нарекува уште и тревен тенис со цел да се разликува од вистинскиот тенис, кој е сличен на денешниот тенис и бил игран во викторијанска Англија. Тенисот стана олимписки спорт во 1988.